| четврток, 6 декември 2018 |

Почина велосипедистот што настрада во сообраќајка кај Мислешево

brza-pomos-500x272

Велосипедистот кој синоќа беше удрен од автомобил во близина на струшкото село Мислешево починал на пат кон скопските клиники.

Несреќата се случила вчера околу 18 часот, а 60-годишниот велосипедист најпрво во тешка здравствена состојба бил пренесен во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид. Поради тешките повреди, потоа бил испратен на скопските клиники, но, за жал, не издржал до Скопје и починал по пат.

Причините за несреќата сѐ уште не се разјаснети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top