| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски во работна посета на Австрија и на Германија

Boston biznis forum gruevski1

Премиерот Никола Груевски од денеска ќе престојува во тридневна работна посета на Австрија и на Германија.

Во рамки на посетата на Австрија, попладне во Виена премиерот Груевски ќе има средба со австрискиот канцелар Вернер Фајман, јави известувачот на МИА.

Во Виена и во Минхен ќе се одржат бизнис форуми со цел привлекување странски инвестиции, на кои премиерот Груевски ќе има обраќање пред австриски и германски бизнисмени. Овие форуми се во соработка со реномираната групација „Фајненшл тајмс“, која учествува во организирањето на настаните со цел привлекување странски инвеститори. Првиот ваков бизнис форум беше во Лондон, по што следеше во Париз, двата во декември минатата година.

За време на престојот во Виена и во Минхен предвидени се и посети на болници и компании. Во македонската делегација се и вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Виктор Мизо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top