| четврток, 6 декември 2018 |

Се откажала од својата кариера како хемичарка за да биде стриптизета (ВИДЕО)

Ребека Слејн, доцент по медицинска хемија, одлучила да ја напушти својата работа во универзитетската лабораторија и да ја замени за кариерата на танчарка во ноќен клуб.

slejn

Слејн била  најдобра студентка во својата генерација и студиите ги завршила со највисок просек на Универзитетот во Сандерленд во Велика Британија, по што следело и нејзино вработување како докторка во лабораторија.

Таа  се заинтересирала за играњето на шипка додека трагала по соодвента физичко-ментална рекреација додека ја подготвувала докторската десертација. Кога видела како една танчерка од Австралија игра, била воодушевена. Па така најдобрата студентка во генерацијата, стекнала висока репутација како „Отровната Чери“, атрактивна танчерка на шипка, изведувач на бурлеска и инструктор за играње на шипка.

По нејзиното докторирање, Слејн одреден период предавала на Универзитетот, но се соочувала со проблем при вклопувањето на часовите по танц во полното работно време како професорка.

На почетокот таа успевала да обучува само по четири девојки, но до крајот на 2011 година имала дури 40 редовни ученички на нејзините часови по танц на шипка.

– Немаше друго, морав да се определам. Се одлучив да го напуштам универзитетот и да се посветам на „Танц академијата Чери – вели Слејн.

slejn1

Денес Ребека има 150 ученички неделно и вели дека професионалната промена и била најдобро нешто што го направила во животот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top