| четврток, 6 декември 2018 |

Велосипедист е тешко повреден во сообраќајната несреќа кај струшко Мислешево

policija_soobrakajka

Во сообраќајна незгода што се случи вечерва околу 18 часот на регионалниот пат Струга-Подмолје едно лице e тешко повредено.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, несреќата се случила во близина на селото Милешево кога автомобил удрил во велосипед, објави Охрид Прес.

– Од силниот удар тешко е повреден велосипедистот и веднаш е пренесен во болница. Увид на лице место направи екипа на СВР Охрид и се работи на утврдување на причините поради кои дошло до несреќата – вели Димоски.

Директорот на специјалната болница за ортопедија и труматологија „Свети Еразмо“ во Охрид, доктор Митко Тилевски потврди дека пациентот бил донесен во бессознание со тешки повреди.

– Пациентот е донесен во бессознание. Тој има повреди на главата со масовно крвавење и отворена фрактура на потколеницата. Врз него се извршени компјутерска томографија и рендген снимање, но поради тоа што е во критична општа состојба, со возило на Брзата помош е пренесен во Скопје – појасни доктор Тилевски.

Ова е втора сообраќајка во Струшко што се случи за нецели 24 часа. Во судир помеѓу две возила кај месноста виката Мороишки Мост, пред Струга, синоќа со лесни повреди поминаа родители и нивните две ќерки, а едно лице претрпе и психички стрес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top