Шкотскиот премиер и главен поборник на независност на Шкотска, Алекс Салмонд, денеска изјави дека Европската унија ќе изнајде начин да ја задржи Шкотска во своите редови, доколку нејзините граѓани на референдум на 18 септември се определат за независност.
– Тоа би претставувало предизвик за интегритетот на ЕУ дури и поголем и посуштински отколку што е заканата за излегување на Велика Британија од Унијата. Поради тоа ниту една земја-членки на ЕУ досега не најави дека ќе го блокира шкотското членство – посочи Салмонд.
Тој наведе дека Шкотска би можела да го одбие делот од британскиот долг, доколку Лондон ги реализира заканите дека со независна Шкотска нема да воспостави формална монетарна унија, односно нема да и дозволи Шкотите да ја користат фунтата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



