„Лајк“ и уште неколку слични функции е причината поради која Фејсбук наскоро може да се најде на суд. Фирма задолжена за регистрирање на патиенти во име на починатиот холандски програмер Јоанес Џозеф Еверардус ван Дер Мер ги има патентирано, а Фејсбук ги користи без дозвола. Од страна на Фејсбук не се коментираат обвинувањата.
Би-Би-Си објави изјава од адвокатот Том Мелшеимер од правната фирма која ги претставува сопствениците на патентите, кој вели:
-Ние веруваме дека патентите на Рембранд претставуваат важна основа за социјалните медуми како што ги познаваме, и очекуваме судијата и поротата да го извлечат истиот заклучок базиран на докази.
Ван Дер Мер се здобил со патентите во 1998 година, пет година пред Фејсбук. По неговата смрт во 2004 година сопственици се компанијата Рембранд. Тој ги создал тие додатоци за да ја изгради неразвиената социјална мрежа Срфбук, социјален дневник што им дозволува на луѓето да споделуваат информации со пријатели и роднини и одбрување на некои податоци преку употреба на „лајк“ копче, стои во правните документи на адвокатот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


