| четврток, 6 декември 2018 |

Димовски: 1.300 делегати од владејачката партија ќе избираат кандидат за претседател

dimovski

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и директор на Центарот за комуникации, Илија Димовски, денеска ги презентираше процедурите и начинот на работа на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ за избор на кандидат за Ппретседател на Република Македонија.

Како што претходно информираа од ВМРО-ДПМНЕ, конвенцијата ќе се одржи на 1 март.

– Во текот на вчерашниот ден беа одржани седници на Извршниот и на Центарлниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, при што беа донесени и утврдени неколку предлог-акти и одлуки, а се поврзани со одржувањето на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ за избор на кандидат за претседател на Република Македонија – рече Димовски.

Тој информираше дека на конвенцијата ќе учествуваат 1300 делагати со право на глас.

Делегати на конвенцијата се:

– членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ;

– членовите на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ;

– членовите на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ;

– членовите на ИК на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ;

– членовите на Претседателството на Републичкиот совет на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ;

– организациските секретари и потсекретари на ВМРО-ДПМНЕ;

– делегати избрани од општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ;

– претседателите на централните комисии на ВМРО-ДПМНЕ;

–  делегати избрани од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ;

– делегати избрани од Извршниот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и Извршниот комитет на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ;

– избрани и именувани функционери од ВМРО-ДПМНЕ;

– значајни личности и основачи на ВМРО-ДПМНЕ.

Конечниот список со делегати на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ за избор на кандидат за претседател на Република Македонија ќе биде објавен на веб-страницата на партијата.

Според предложениот деловник за работа на конвенцијата, кандидатот за претседател на Република Македонија ќе се избира на тајно и непосредно гласање, на кое ќе учествуваат сите делегати на конвенцијата. Секој кандидат ќе има право на свои претставници во процесот на гласање. Секој од кандидатите ќе има право на еднакво право на сопствено претставување и претставување на своите програми пред делегатите на конвенцијата.

ВМРО-ДПМНЕ на својата веб-страница, во текот на утрешниот ден, ќе го објави и јавниот повик за пројавување  интерес, односно приложување кандидатура до конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ за избор на кандидат за претседател на Република Македонија. Критериумите се веќе јавно соопштени. Тие се дека кандидатите треба да ги исполнуваат уставните услови за извршување на функцијата претседател на Република Македонија, да се членови на ВМРО-ДПМНЕ или поддржувачи на политиките на партијата и да се наоѓаат себеси во ставовите на ВМРО-ДПМНЕ за државните и национални прашања.

– Овој начин на избор на кандидатот за претседател на Република Македонија, покрај што е редовна практика на нашата партија од самото нејзино основање, е и високо демократски, транспарентен и отворен процес, кој наметнува сериозни и добри стандарди во политиката во Република Македонија – истакна Димовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top