Градинки, основни и средни училишта, но и граѓани потрошувачи во општините Гази Баба, Кисела Вода, Штип, Прилеп и Гостивар следните две недели ќе бидат дел од кампањата за безбедна храна.
– Активностите ќе се фокусираат на одржувањето лична хигиена, миењето, чувањето и подготвувањето на храната, правилното читање на декларациите и изборот во рестораните, вели Дејан Рунтевски директор на Агенцијата за храна и ветеринарство кој заедно со финансиска поддршка од Јапонската агенција за меѓународна соработка „JICA“ ја спроведува кампањата. Потребата од едукација на потрошувачите за консумирање храна никогаш не е доволна, додава Рунтевски.
Според градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски, во кампањата ќе се едуцираат и вработените во градинките и училиштата кои понатаму практично ќе го продолжат проектот преку секојдневното работење.
-Целта е да ја подигнеме свеста за правилна и поквалитетна исхрана на граѓаните од сите возрасти, потенцира Трајковски.
Доколку бидат обезбедени дополнителни средства, Рунтевски вели дека кампањата ќе се прошири и во други општини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев злоупотребува деца во политички цели, Одбусманот предвидува казна за вакво дело
-
Во среда ќе се знае колку партии ќе учествуваат во кампањата за референдумот и колку пари ќе добијат
-
Кампањата за референдумот ќе чини 80 милиони денари
-
Владата в среда ќе ја одреди сумата што ќе се потроши за референдумската кампања