| четврток, 6 декември 2018 |

Полицаец возел со украдени регистарски таблички

полиција

Граничен полицаец бил забележан од негови колеги како го вози својот автомобил со туѓи регистарски таблички, но одбил да го објасни тоа.

Според Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди на МВР, поради ова му е  поднесена кривична пријава на А.И.(45) полициски службеник во полициска станица за граничен премин Блато при Регионален центар на граница „Запад“ за сторени кривични дела спречување службено лице во вршење службено дејствие и загрозување со опасно орудие при тепачка или караница.

На 26 август лани на регионалниот пат Маврово-Дебар, додека пријавениот кој не бил на службена должност седел во угостителски објект, дошле двајца полициски службеници од станицата во Ростуше и му побарале документи за неговото патничко возило на кое имало поставено регистарски таблички од друго возило, а откако не можел да ги најде документите, на висок тон им се обратил на полициските службеници, непристојно се однесувал и со пиштол почнал да им се заканува, по што влегол во возилото и си заминал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top