
Во Гостивар кружат две приказни за тоа што стои зад петочното труење. Едната е дека се работи за обид за губење часови со тоа што некое од децата фрлило солзавец во училиштето, а другата е дека некој политички фактор ја подгрева ситуацијата пред претседателските избори, анализа Дневник.
Солзавец, отворен гас, друг отров или само паника? Тинејџерска палавост во обид за губење часови или политички пресметки со опасни меѓуетнички игри пред претседателските избори? Ова се прашањата кои треба да ги одговори гостиварското Јавно обвинителство за петочниот настан во средното економско училиште во Гостивар кога 12 лица од албанската етничка заедница (седуммина средношколци и петмина професори од средното економско училиште) завршија на скопска токсикологија жалејќи се на затруеност од непозната материја, а уште толку беа примени на преглед во гостиварската болница. Сите настрадани само неколку часа по настанот се во добра здравствена состојба и се дома по свое барање. Етничкиот предзнак на инцидентот се појави веднаш по информациите дека „труењето“ се случило во втората смена кога, всушност, на настава биле само албанските паралелки. Сепак, во Гостивар е мирно. Градоначалникот на градот Невзат Бејта вели дека иако инцидентот е сериозен, а се чувствува и блага вознемиреност меѓу албанското население поради тоа што ова се случило само на албански деца, основа за меѓуетнички тензии или проблеми нема. Тој денеска заедно со комуналните полицајци ќе направи обиколка на сите училишта и ќе преземат мерки за заштита на средношколците. Јавното обвинителство, пак, ќе ги прегледува снимките од безбедносните камери во училиштето, додека во скопска токсикологија се чекаат деталните анализи на крвта на хоспитализираните за тоа дали и каква затруеност имале?
Весникот потестува дека имали уште три т.н. труења на албански тинејџери, за на крајот да се покаже дека сите се преправале.
Целата анализа овде.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


