| четврток, 6 декември 2018 |

Познат дизајнер пронајден мртов

Телото на познатиот моден дизајнер Микеле Савoj, кој исчезна уште во четвртокот, вчера беше пронајдено во заледената река Хадсон во Њујорк, во близина на неговата јахта.

michele-savoia-house-of-savoia

55-годишниот дизајнер, кој облекуваше многу познати филмски ѕвезди, меѓу кои и Роберт де Ниро, Том Хенкс и Рики Мартин, последен пат беше виден како излегува од еден ноќен клуб по роденденската забава на Парис Хилтон во четвртокот, околу четири часот наутро. Исчезнувањето во полиција го пријавил неговиот возач.

Неговото тело беше пронајдено вчера попладне во близина на јахтата, која, всушност, била и негов дом. Иако причините за смртта сѐ уште не е позната и се чека на обдукцијата, Савој, најверојатно, во алкохолизирана состојба се лизнал на малиот мост кој водел до бродот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top