Играта со опивање „Некноминејт“, која е многу популарна во последно време на интернет, зеде нова жртва. Рагбистот Бредли Џејмс умрел откако испил еден литар мешавина од џин и од кесичка чај.
Бредли Ејмс од Нотингам објавил видео на „Фејсбук“, на кое се слуша како вели: „Вака се пие“ и потоа пие еден литар од сомнителната течност.
Четири дена подоцна тој починал. Иако бил предупреден дека последиците можат да бидат фатални, тој на тоа одговорил дека мора да им покаже „кој е главен“.
„Некноминејт“ е игра која стана популарна во Австралија, но по пат на интернет се прошири низ целиот свет. Ова е петта жртва во последниот месец која се поврзува со оваа игра.
„Некноминејт“ е игра која потекнува од Перт, Австралија. Најчесто младите луѓе се предизвикуваат меѓу себе кој ќе испие поголема количина алкохол, потоа треба да завршат некој предизвик, а сето тоа го снимаат и го објавуваат на социјалните мрежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Од денеска може да купува пиво во кое било време од денот
-
Владата предлага укинување на временското ограничување за продажба на алкохол
-
Се враќала од работа кога монструмот ја покосил на тротоар – таа е прва од 10 жртви од нападот во Торонто!
-
Павлина Васкова, невропсихијатар: Зависнички од алкохол се најчесто жените интелектуалки, на високи позиции во претпријатијата