| четврток, 6 декември 2018 |

Се заострува битката за „Златна копачка“

Како што одминува сезоната, битката за „Златната копачка“, награда која се доделува за најдобриот стрелец во Европа, се заострува меѓу најсериозните кандидати.
Лидерите на табелата Луис Суарез и Кристијано Роналдо се во голегетрски „пост“. Суарез не успеа да ја погоди мрежата на Арсенал во Купот на ФА на Англија, а Роналдо не игра поради суспензија од три натпревари поради црвен картон. Диего Коста од Атлетико Мадрид викендов беше стрелец на еден гол и се доближи до водечките на само еден гол зад Роналдо и два до Суарез. Кога се работи за бодовното салдо, четврти на листата е Даниел Стариџ од Ливерпул со 17 гола бидејќи во најсилните четири лиги во Европа, Шпанија, Италија, Англија и Германија, еден гол се бодува со два поена, останатите од силните лиги од Европа по 1,5 бод за еден гол.

Листа на стрелци:

1. Луис Суарез 23 гола, 46 поени
2. Кристијано Роналдо 22 гола, 44 поени
3. Диего Коста 21 гол, 42 поени
4. Даниел Стариџ 17 гола, 34 поени
5. Алфрео Финбогасон 21 гол, 31.5 поени
6. Серхио Агуеро 15 гола, 30 поени
7. Алексис Санчез 15 гола, 30 поени
8. Златан Ибрахимовиќ 20 гола, 30 поени
9. Ентоан Гризман 14 гола, 28 поени
10.Андријан Рамос 14 гола, 28 поени

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top