| четврток, 6 декември 2018 |

Астероид ќе нè одмине за 15 минути

За три дена покрај Земјата ќе помине асероидот 2012 DA14 на оддалечениост помала од 25.000 километри. Американскиот „телевизиски“ научник и водител Бил Нај објаснува каква е состојбата:

-Овој астероид е само еден од 100 000 астероиди што би можеле да се најдат на нашиот „пат“.

Тој нагласува дека кога овој астероид ќе ја погоди Земјата, тоа би било крај за град во големина на Њујорк, но за ова не треба да се грижиме:

-Ќе не промаши за 15 минути, 15 минути разлика и тоа би било тоа. Треба сите луѓе да се вклучиме во ловот на астероиди. Ние сме генерација која може нешто да направи по тоа прашање. Тоа е возбудлива наука, која се надевам че ги натера луѓето да застанат и да размислат.

Научниците потврдија дека нема шанси астероидот 2012 DA14 да удри во земјата. Нај вели:

-Овој астероид е повик за будење, за да се воочи важноста на одбраната на Земјата од удари од астероиди. Големи удари не се случуваат често, ама ќе се случуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top