Смела комбинација на црн градник и гаќички, прекриени само со мрежа – вака Туна Сејдиу ги оценуваше финалистите на албанската верзија на шоуто „Икс-фактор“.
Ако деколтето на Емина Јаховиќ го привлече вниманието на балканските земји, во Албанија и Косово, како и меѓу сите што ја гледаа последната епизода на шоуто на „Алсат“, се зборува само за сѐ попровокативната Туна. Таа е дел од четиричленото жири на албанското шоу.
Македонската пејачка со албанско потекло минатата епизода настапи на сцената спуштајќи се од огромен кафез.
Нејзиниот хит „Феникс“, во кој ја придружува и нејзиното момче Козман, на „Јутјуб“ има повеќе од 16 милиони прегледи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.