Четири лица се здобија со телесни повреди во сообраќајна незгода што се случи синоќа на влезот во Струга, во близина на Мороишки Мост и бензиската пумпа на „Окта“.
Несреќата се случила во 21 часот и 30 минути, кога од засега непознати причини се судриле две патнички возила. Повредените биле хоспитализирани во Општата болница во Струга.
Според дежурниот лекар-хирург, доктор Владо Кочоски, здравствена состојба на повредените е стабилна и тие се пуштени на домашно лекување.
– Четворицата патници од едното возило, родители и нивните две ќерки имаа телесни повреди, а патничката од другото возило беше донесена со претрпен психички стрес. Сите се во добра здравствена состојба и се пуштени на домашно лекување – информира доктор Кочоски.
Секторот за внатрешни работи Охрид работи на утврдување на причините поради кои настанала сообраќајната незгода.
Извор: Миа
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.