| четврток, 6 декември 2018 |

Се формира Балканско здружение за кинески инвестиции

kina investicii

Во Загреб идната недела официјално почнува да работи здружение за привлекување кинески инвестиции во регионот, CSEBA. По Загреб, канцеларија на CSEBA ќе се отвори и во Белград, кон крај на март или почетокот на април.

Основачите на CSEBA планираат да ги искористат постојните добри врски на српските и кинеските стопанственици кои резултираа со многу веќе реализирани проекти.

Целта на здружението е кинеските инвестиции кои се најавени во рамки на 5-годишниот план на Кина за економски развој во следните години да се насочат кон двострано исплатливи, вредни проекти во земјите на регионот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top