| четврток, 6 декември 2018 |

Брифинг за борбената готовност на АРМ

den na arm 3 w

Во Домот на АРМ во Скопје денеска ќе се одржи брифинг за борбената готовност на Армијата на Република Македонија за 2013 година.

На брифингот за борбената готовност, како што најави Генералштабот на АРМ, ќе присуствуваат претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили, Ѓорге Иванов, министерот за одбрана Талат Џафери, началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески, клучниот персонал од Министерството за одбрана и ГШ на АРМ и  командантите на потчинетите команди.

Брифингот за борбената готовност е редовна обврска на ГШ на АРМ кон претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили, кога му се реферира за борбената готовност на Армијата во изминатата година.

Претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили на брифингот за борбената готовност ќе биде информиран за реализацијата на плановите и задачите во 2013 година, во согласност со функционалните области на АРМ, а кои се однесуваат на персоналниот менаџмент, заштита на силите, операциите, обуката и вежбите, логистичкото обезбедување, врските и комуникациите и буџетирањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top