| четврток, 6 декември 2018 |

Сакате да ослабнете? Не јадете бело брашно, овошен јогурт, сушено овошје…

hrana

Сакате да ослабете? Тогаш, не јадете солено, слатко и пржено. Неколку намирници на кои треба да заборавите:

Бело брашно – Нема никаква хранлива вредност, а ја нарушува количината на шеќер во крвта. Наместо него, консумирајте брашно од цело зрно.

Овошен јогурт – Овошјето на дното од садот сигурно ќе ве залаже дека јадете здрав меѓуоброк. Меѓутоа, за да ги надоместат мастите, производителите додаваат повеќе шеќер. Попаметен избор е јогурт во кој ќе додадете малку свежо овошје и мед.

Сушено овошје – И ова звучи како здрав меѓуоброк, но повеќе ви штети отколку што ѝ користи на вашата линија. Сушеното овошје не содржи здрави ензими, кои ги има само во свежото овошје, па затоа секогаш одбирајте сезонско овошје место смокви, кајсии и сливи со екстра шеќер и конзерванси.

Диетален газиран сок – Лименка газиран сок има околу 200 калории, па затоа често го земате оној нискокалоричниот? Сепак, вештачките замени за шеќер ги има и во двата случаи. Добро би било целосно да се разделите од газираните пијалаци и алкохоли.

Кофеин – Се прашувате зошто не можете да спиете, што е уште една пречка во борбата со вишок килограми? Можеби внесувате премногу кофеин. Затоа, стручните лица препорачуваат сосема да го исфрлите од исхраната. А, ако веќе морате наутро да испиете една шолја топло кафе, избегнувајте ги додатните калории, кои се кријат во избелувачите, кремот и шеќерот.

Соленки и переци – Переците и соленките со назнака здрави и диетални сосема избегнувајте ги. Прво, имаат огромна количина сол, а покрај тоа се изработени од бело брашно. Подобро испечете неколку пуканки со малку путер.

Преработено месо – Преработените месни производи имаат превисока концентрација на заситени масти. Место сланина и колбаси одберете риба, пилешко или чисто телешко месо.

Млечни производи – Можеби сте израснале со нив, но тоа не значи дека се претерано здрави. Место тетрапак млеко понекогаш консумирајте кокосово или бадемово млеко, а место кравји кашкавал земете неколку грама растителен.

Коктели – Коктелите се мали калориски бомби полни со бои и со засладувачи. Ако веќе не можете да му одолеете на алкохолот, пијте вино.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top