| четврток, 6 декември 2018 |

Две девојчиња потешко повредни во експлозијата на кашикара во Тетово

Двете полесно повредени девојчиња се пуштени на домашно лекување

Вкупно 4 девојчиња на возраст од 5 до 14 години се повредени во експлозијата на експлозивна направа попладнево околу 16 часот и 45 минути во центарот на Тетово, на улицата 29 Ноември во населбата Ромско Маало.

Потешко повредените се на возраст од 13 и 14 години и веќе се пренесени на скопските клиники а другите две девојчиња по прегледите во тетовската болница се пуштени на домашно лекување, пренесува Канал 5.

Телевизијата цитира мајка на петгодишно девојче кое е едно од полесно повредените.

Шехерезада Красниќи за Канал 5 изјавила дека до експлозијата дошло додека повеќе деца си играла на улица.

Тетовската полиција и јавен обвинител се на терен и ги утврдуваат причините за инцидентот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top