ВО третото коло од групата А на Зимските Олимписки игри во Сочи во хокејарскиот турнир домаќинот и фаворит број еден, Русија, игра потешко од очкеувањата. Тие денеска успеаа да ја победат Словачка и тоа по изведувањето на пенали откако во регуларниот дел од 60 минути и по продолжението од пет минути не успеаа да дадат гол. Натпреварот заврши 0-0 и повторно како и вчера против САД Русија мораше да изведува пенали. За разлика од вчера кога по маратонското изведување пенали во осум серии, денеска работата ја завршија по само две серии со головите на Радулов и Ковалчук. Третата серија не беше потребна да се изведува бидејќи голманот на русите Варламов ги спречи првите два обида на Словаците.
Во оваа група САД без поголеми проблеми ја победи селекцијата Словенија со 5-1. Сега Русите се наоѓаат на второто место на табелата и попотешкиот пат преку разигрување ќе мора да се обидат да го освојат златниот медал на Олимпијадата. Овечкин, Малкин, Дацјук, Ковалчук не се најдобра форма и освен на првиот натпревар од групата А против Словенија кога постигнаа пет гола во другите два се мачат да го сместат пакот во голот на противникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.