Неконструктивно е да се изјавува дека не може ништо да се направи во поглед на спорот за името, изјави евроамбасадорот во Македонија, Аиво Орав во интервју за Радио слободна Европа. Според него Европската комисија, многу од земјите членки, исто така и Кристијан Даниелсон минатата недела оги охрабрија двете страни да изнајдат компромис колку што е можно побрзо, за да продолжат да се развиваат работите меѓу Македонија и Европската унија.
-Тоа што рековте, дека нема соговорник на другата страна, можам само да ве охрабрам да го најдете тој соговорник на другата страна и доколку некој изјавува дека не може ништо да се направи, мислам дека тоа e едноставно неконструктивно“, вели Орав.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.