| четврток, 6 декември 2018 |

Шведска го одбрани златото од Ванкувер

Шведската нордиска скијачка репрезентација го осови златниот медал на штафетната трка во 4×10 километри во нордиско скијање. Трката позната како кралска дисциплина зашри со супериорен настап на Швеѓаните кои успеаа да го повторат успехот од пред четири години на зимските олимписки игри во Ванкувер.

Cross Country Skiing

Овој пат шведските ски тркачи немаа проблеми во сите четири измени и со предност од дури 27 секунди успаа да триумфираат пред домашната селекција на Русија.
За шведската штафетна репрезентација трчаа Даниел Рикардсон, Јохан Олсон, Ларс Нелсон и Маркус Хелнер. Првите две измени се трчаа во класичен стил додека останатите две во слободен. Русите се пласираа на второто место и ова е прв медал на олимписките игри во оваа дисциплина воопшто. На трибините и подршка на руските скијачи им дадоа и претседателот и премиерот на Русија Владимир Путин и Дмитри Медведев.

Sochi 2014 - Cross Country Skiing

На третото место се пласираше Франција со заостанување од 31 секунда. Норвешка се пласираше на четврото место и не успеа да го одбрани сребрениот медал од Ванкувер.

Фото: ЕПА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top