Фондовската индустрија во Македонија, иако е релативно млада покажува значителни стапки на пораст, особено во последниов период со отворањето на паричните фондови. Анализите на пазарот покажуваат дека моментално вложувањата во инвестициските фондови во Македонија достигнуваат ниво од 7,5 евра по глава на жител, што претставува неколкукратно зголемување во однос на претходните години.
“Во моментов клиентите во најголем дел ги преферираат најсигурните фондови, како што се паричните фондови, меѓутоа забележуваме и тренд на зголемување на бројот на клиентите и кај акциските фондови кои се на релативно ниско ниво имајќи ги во предвид моменталните услови на пазарите на капитал, вели Коста Костадиновски директор на Илирика Фунд Менаџмент“.
Податоците од Отворениот инвестициски фонд – ИЛИРИКА КЕШ ФОНД, кој одбележа една година работење укажуваат на зголемен интерес кај граѓаните за овој вид на инвестирање на средствата како и зголемена финансиска писменост на населението во оваа насока, a се повеќе и повеќе се бараат податоци и информации за предностите пред да одлучат каде и како да ги вложат слободните парични средства.
Па така, во текот на првата година од работењето нето вредноста на фондот достигна максимален износ од речиси 150 милиони денари, додека приносот во првата година од основањето изнесува 4,11%.
Средствата што инвеститорите ги уплаќаат во Отворениот инвестициски фонд се вложуваат во депозити во банки со дозвола од Народната банка на Република Македонија и државни хартии од вредност. Предноста за овој начин на инвестирање е во тоа што средствата во фондот не се орочени и може да се повлекуваат во секое време на барање на клиентот, притоа клиентите немаат никакви пенали или одбитоци, карактеристика која што го прави фондот исклучително конкурентен во однос традиционалните депозити.
Тоа значи дека, секој кој сака може да вложи минимален износ од 10,000.00 денари, а вложената сума има добивка уште првиот ден, и може да се повлече веќе следниот ден, или кога и да посака клиентот без дополнителни трошоци. Најважни предности на Кеш фондот се флексибилноста на времетраењето на влогот и висината на приносот.
“Има и клиенти кои активно работат со своите средства и често дополнуваат или повлекуваат средства во и од фондот, со што ги максимизираат приносите од своите парични текови, вели Костадиновски.
Отворениот инвестициски фонд е наменет за сите субјекти кои што имаат слободни парични средства на трансакциска сметка во банка, а притоа на дневна основа сакаат да акумулираат принос кој што е на ниво на каматата на орочени средства.
Покрај кеш фондовите, кои како услуга се релативно нови, на пазарот се нудат и фондови кои остваруваат и повисоки стапки на принос, за сметка на поголемото ниво на ризик од вложувањата. Тие фондови најчесто вложуваат во акции и очекуваните приноси се значително повисоки.
Извор: Економски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст