| четврток, 6 декември 2018 |

Газдарица на туристичка агенција вадела пари со туѓи картички

bankomatСопственичка на туристичка агенција од Скопје заработи кривична пријава за извршени нелегални банкарски трансакции, при што се стекнала со парични средства во вкупен износ од 402.187 денари (или околу 6.500 евра).

Пријавената со намера да се стекне со противправна имотна корист, употребила податоци од вистински платежни картички од странски државјани. Во мај 2012 година со преку гласовна авторизација во две домашни банки извршила повеќе нелегални трансакции од кои 2 успешни, со што нелегално се стекнала со 402.187 денари (или околу 6.500 евра). Пријавената имала склучено договор со банките за реализација на трансакции без физичко присуство на платежна картичка, односно со гласовна авторизација, а со намена за резервација на хотелски престој и авио билети на туристи.

Сопственичката имала договор со лице – странски државјанин, на е- маил адреса на нејзината туристичка агенција добила нелегално обезбедени податоци од вистински платежни картички на странски државјани, по што преку гласовна авторизација во двете домашни банки извршила нелегални трансакции на име на странскиот државјанин за „наводна резервација” за хотелски престој и авио билети за престој на бизнис група од Велика Британија.

Од странските банки- издавачи на картичките- е доставено известување до домашните банки, за злоупотреба на реализираните трансакции, по што истите ја известиле пријавената дека се работи за спорни трансакции. И покрај известувањето од банките дека станува збор за злоупотребени податоци од платежни картички, пријавената ги подигнала паричните средства од нелегалните трансакции.

Дел од нелегално стакнатите парични средстава пријавената ги задржала за себе по основ на „наводните резервации”, а дел од парите, по претходен договор со лицето-странски државјанин, преку банкарски трансфер ги префрлила на странска сметка за наводни резервации за авио билети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top