Српските медиуми известуваат за голема акција против нелегалното продавање на храна на белградските пазари.
Во неколкудневните претреси на пазарите, учествуваат неколку инспекциски служби, а причина е неодамнешното откривање на нелегална продажба на месо и месни производи од угинати животни. Само денеска, според информациите, одземени се осум тезги, но и цел тон кисела зелка, десет килограми мед, 14 кг месни производи, 415 јајца , 20 килограми сирење. На еден од пазарите одземени се дури два камиони контејнерска стока. Се најавува дека овие инспекции ќе продолжат бидејќи многу често ваква храна се продава во близина на училиштата, дури и во нивните дворови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во Србија уапсени луѓе заради продажба на 31 тон расипано месо од Бразил
-
Полицаец се заканувал со пиштол во месарница, не му се допаднало месото
-
Компании од Бразил добиле забрана за извоз на месо во Македонија поради небезбедно месо
-
По тепчаката меѓу девојчињата, инспекцијата најде пропусти кај одделенските раководители


