Над 140 илјади луѓе меѓу кои над 7 000 деца се убиени во Сирија во тригодишната војна меѓу силите на режимот на Башар Ал Асад и неговите противници, објави Сириската опсерваторија за човекови права. Спред невладиниот сектор точниот број на загубени животи е 140 041, а ммеѓу нив 49 950 цивили, со 7626 деца и 5 064 жени.
Во опозициските редови убиени се 24 167 бунтовници, а е додаваат и 8972 исламисти. На страната на силите на Асад загинале над 50 илјади војници.
Меѓу загинатите има и 275 припадниц на либанскиот шиитски Хезболах и 360 членови на останатите шиитски прорежимски групи. Има и 2 837 неидентификувани загинати.
Се укажува и на судбинта на над 180 илјади луѓе во затворите на сирискиот режим, како и на 7 илјади заробници во рацете на режимските сили оружени групи лојални на Асад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)
-
Српски дипломат тврди: Се знаеја и времето и метите за нападите во Сирија!


