Франција и Велика Британија го обвинија сирискиот режим за неуспехот на преговорите во Женева меѓу сириската опозиција и владата.
Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг изјави дека неможноста да се постигне согласност за програмата на следните сесии од преговорите претставува сериозен пресврт. Според него режимот на Башар ал Асад е директно одговорен за овој ќор-сокак.
Францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус го осуди однесувањето на сирискиот режим, кој блокира секаков напредок за формирање на преодна власт, како и за проширување на насилството и теророт врз цивилното население.
Денешниот, шести ден од преговорите, почна со заедничка средба на претставникот на ОН и Арапската лига Лахдар Брахими и двете делегации. Консултациите траеја повеќе од половина час. Сепак, не беше постигнат никаков напредок за запирање на насилствата и политичката транзиција во земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)
-
Српски дипломат тврди: Се знаеја и времето и метите за нападите во Сирија!


