Автомобилскиот гигант Порше (Porsche) се справуваат со голем проблем. компанијата мораше да ја запре доставата на моделот 911 гт3 (GT3) откако пет автомобили се запалиле во возење.
Кога станува збор за запалени автомобили, првото име кое ви излегува на памет е Ферари, но како што изгледа и Порше го има истиот проблем со моделот 911 гт3 . Последниот инцидент кој се случи беше во Швајцарија, а автомобилот беше деклариран како целосно уништен и воедно изгорени 200.000 швајцарски франци.
Возачот се наоѓал на автопатот А1 на пад за Св. Гален кој слушнал чудни звуци кои доаѓале од моторот. Тој решил да се исклучи од автопатот и да се паркира на страна. Откако излегол од автомобилот приметил потекување на масло и излегување на чад од задниот дел, неколку моменти пред да избие пожар. Пожарникарите пристигнале на лице место, го изгасиле автомобилот, но сепак, од него не останало ништо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


