| четврток, 6 декември 2018 |

20 уапсени на протестите во Црна Гора

Полицијата денеска се судри со група демонстранти, кои се обидоа да го пробијат полицискиот кордон пред зградата на Владата на Подгорица, за време на протестите на кои над 300 граѓани бараа смена на власта и оставка на сите пратеници.

Група демонстранти фрлале со камења врз полицијата пред зградата на Владата на Црна Гора, на што полицијата одговорила со употреба на солзавец.

CLASHES IN KOSOVO

Полицијата соопшти дека во судирите со демонстрантите се повредени девет полицајци, од кои еден е потешко.

Според полициското соопштение приведени се 20 демонстранти, меѓукои и четворица малолетници.

Во судирите се оштетени три полициски возила.

Демонстрантите се растурени откако на местото на протестите се распоредени и припадници на специјалните полициски единици, кои употребиле пендраци и солзавец.

clashes in kosovo

Протестите ги организира Фејсбук групата „Револуција во Црна Гора – сите на улица“. Групата од вчера најави дека ќе организира протест пред зградата на црногорскиот Парламент во Подгорица, каде ќе бара смена на актуелната власт, по примерот на настаните во Босна и Херцеговина.

Еден од организаторите на протестот Љубо Варагиќ изјави дека доста од пљчкање на Црна Гора и дека е време за промени. – Сакаме да работиме и живееме. Бараме Владата на Црна Гора и сите пратеници да поднесат оставка, истакна тој.

Демонстрантите за време на протестот извикуваа пароли „Крадци“, „Сакаме оставки“ и „Промени“.

 

Фото: ЕПА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top