Во второто коло од групата А на хокеј турнирот во Сочи на зимските олимписки игри се одигра натпреварот меѓу САД и Русија. Овој крајно изедначен натпревар во регуларниот дел по три третини од 20 минути заврши со нерешен резултат 2-2.
Поведоа Русите со голот на Дацјук во втората третина во деветата минута по еден контра напад. Американците успеаа да измранат откако рускиот играч Радулов беше ислучен на две минути. Тоа го искористија американците кои беа со играч повеќе на мразот и со голот на Фолер во 16 минута успеаа да отидат на паузата пред решавачката третина со нерешен резултат. Во третиот период уште по еден гол на двете страни. Повторно Радулов беше ислучен на две минути и повторно тоа го искористија хокејарите на САД. Овој пат стрелец беше Павелски. Русите по негативата од 2-1 силно тргнаа кон голот на САД и преку ускусниот Дацјук кој беше двоен стрелец на овој натпревар успаа да стигнат во продолжението од пет минути. По овој период во кој немаше голови победникот беше решен по изведувањето на пенали. Во серијата од три изведувања Ти Џеј Оши за САД и Иља Ковалчук за Русија погодија по еднаш. Серијата продолжи по еден изведен пенал на двете страни. Правилото во хокејот дозволува еден играч да може да изведува пенали се додека не се дојде до победник. По дури осум серии откако за САД сите пенали ги изведуваше Оши погоди дури четири пати. Во составот на Русија во продолжението од пет серии се менуваа Дацјук и Ковалчук.
Во групата А сега во водство се САД пред Русија и Словенија која денеска го направи најголемото изненадување победувајќи ја Словачка со 3-1.
Во последното коло се среќаваат Русија – Словачка и САД – Словенија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


