Во денешната програма на ЗОИ во Сочи женските репрезентации во нордиско скијање трчаа во натпреварот на крос-кантри штафетата од 20 километри. По првите две измени се возат по пет километри во класичен стил, а останатите две во слободен стил. Шведската репрезентација во состав Ида Ингермарсдотер, Ема Викен, Ана Хаг и Шарлот Кала победија со само пола секунда предност пред Финска. Херојот на денот е Шарлот Кала која надополни дури 26 секунди заостанување по првите три измени. Во последните пет километри во водство се издвоија Финска и Германија кои се чинеше дека се единствените репрезентации кои ќе е борат за златниот медал. Така не мислише Кала која со ипресивно трчање најпрвин успеа да ја анулира огромната предност на конкурентките за да во последните 100 метри со надчовечки напор со фантастичен финиш успеа да им донесе на швеѓаните уште еден златен медал. На целната линија ја чекаа колешките од репрезентацијата која и оддадоа голема почит на најдобарата нордиска скијачка во моментов во светот. На третото место се пласираше Германија со девет стотинки заостанување зад лидерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


