| четврток, 6 декември 2018 |

„Комити“ му подарија шлем на Дибиров (фото)

За време на тренингот на ракометарите на Вардар во салата „Кале“, навивачката група “Комити” го изненади најдоброто крило во светот Тимур Дибиров.

Имено, на трeнингот во знак на извинување и почит кон него, и со надеж дека тоа што се случи на натпреварот против Динамо Минск нема да се повтори, „Комитите“ направија еден симпатичен потег кој ги изненади сите ракометари, подарувајќи му шлем на Тимур.

За време на тренингот навивачката група ги бодреше своите играчи и со тоа им дадоа максимална поддршка пред мечот на домашен терен од Лигата на шампионите, против Вакер Тун кој се игра во недела од 18 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top