| четврток, 6 декември 2018 |

„Твитер“ блокиран во Венецуела

Претставници на Твитер соопштија дека Венецуела блокира споделување фотографии преку таа социјална мрежа.

Портпаролот на компанијата Ну Векслер објави дека „фотографиите на Твитер во моментот се блокирни во Венецуела“, медиумите наведуваат дека сепак постои заобиколен начин корисниците на своите мобилни телефони да добиваат „твитови“ преку текстуални пораки.

Главната компанија за телекомуникации во Венецуела е во државна сопственост и управува со поголем дел од Интернет сообраќајот.

На видео снимките и фотографиите кои кружеа на Твитер по убиството на двајца студенти за време на протестите во Венецуела се гледа како наводно полицијата и провладини активисти пукаат по демонстрантите, но автентичноста на снимките не мпже да се потврди.

Во Каракас вчера на нови демонстрации против левичарската Влада се собраа околу 2.000 демонстранти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top