Десетина ученици од гостиварското средното економско училиште се донесени на клиниката за токсикологија во Скопје. Според првичните информации тие попладнево биле во допир со непознат гас од кој се затруле, како што тврделе. Прво биле третирани во гостиварската болница по што се префрлени во Скопје. Според информациите децата се во добра здравствена состојба.
Дежурната екипа на Република го испитува случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.