| четврток, 6 декември 2018 |

Запленти илјадници тони фалсификувана храна

evropolВо глобална полициска акција на Интерпол и Европол, запленети се повеќе илјади тони фалсификат храна и пијалоци во вредност од повеќе милиони евра, соопшти Европол.
Запленети се повеќе од 1.200 тони храна што не исполнува утврдени норми и речиси 430 илјади литри фалсификувани пијалоци.
Операцијата била насочена на фалсификациски системи во декември и јануари во 33 држави во Европа, северна и Јужна Америка, Африка и Азија.
Европол соопшти дека заплениле повеќе од 130.000 литри фалсификат масло и оцет како и околу 80.000 бисквити и чоколадо, 20 тони зачини и додатоци за храна и 45 тони млечни производи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top