| четврток, 6 декември 2018 |

Шпанија затвори граница во Африка

migrantiШпанската полиција затвори граничен пункт меѓу шпанската северноафриканска енклава Мелиља и Мароко, откако мароканските власти предупредија дека голема група имигранти се подготвуваат да упаднат во енклавата.
Граничниот пункт бил затворен вчера неколку часа, додека мароканските власти не ја разбиле насобраната група, соопшти шпански портпарол во Мелиља. Нема податоци за националноста на луѓето од групата.
Мелиља е на брегот на Средоземното Море и се граничи со Мароко. Имигранти со намера да се префрлат во Европа се собираат во кампови од мароканска страна и илјадници од нив секоја година чекаат погоден момент да се префрлат во една од двете шпански енклави -Мелиља и Сеута. Единаесет лица се удавија минатата седмица во обид да влезат во Сеута.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top