Неодамнешното истражување покажа дека иако САД се меѓу најнапредните на полето на науката, голем број Американци не ги знаат основните факти за природата.
Анкетата спроведена од Националната фондација за наука, при што се испитани повеќе од 2.200 луѓе, откри дека дури секој четврто жител на САД не знае дека Земајта се врти околу Сонцето.
На испитаниците им биле поставени десет прашања од областа на физиката и на биологијата, а точно одговориле само 6,5 проценти, што е мала преодна оценка.
Само 74 отсто од испитаниците знаеле дека Земјата се врти околу Сонцето, а помалку од половина дека човекот еволуирал од претходните видови животни.
Анкетата се спроведува секоја втора година, а резултатите ќе бидат поднесени до американскиот претседател Барак Обама и до Конгресот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.