Дружење со Лидија Димковска, годинешната добитничка на книжевната награда „Стале Попов“ за во среда најави книжарницата „Или-Или“. Димковска ја доби наградата за нејзиниот извонреден роман „Резервен живот“ кој го издаде „Или-Или“ во нивната едиција „ПроАза“. Димковска, која живее и работи во Словенија утре во книжарницата ќе ги потпишува примероците од наградениот роман.
Претседателката на жирито за наградата за најдобро прозно дело Анастасија Ѓурчинова во образложението истакна дека романот на Димковска „Резервен живот“ се издвоил „со оригиналноста на темата и успешноста во нејзиниот третман, донесувајќи една необична и силна нарација, со суптилни лирски пасажи, но и продлабочен психолошки засек во материјата“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.