| четврток, 6 декември 2018 |

Тери не ги заборави девојките на своите соиграчи за Денот на вљубените (фото)

Капитенот на Челси, Џон Тери, до крајот на животот ќе го следат негативните коментари поради љубовната афера што ја имаше со девојката на Вејн Бриџ, поранешниот соиграч од репрезентацијата на Англија.

Иако поминаа четири години од овој скандал, секој сака да се пошегува на негова сметка. Англискиот спортски хумористичен сајт „Би-Би-Си спорф“ направи фотомонтажа од телефонот на Тери каде што се гледа дека капитенот на Челси не ги заборавил девојките на неговите соиграчи за Денот на вљубените. Тој на сите им пратил идентична порака:

– Среќен Ден на вљубените. Ти си единствена за мене.

Džon-Teri-kapiten

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top