| четврток, 6 декември 2018 |

Шведска се пласира во втората фаза на хокеарскиот турнир во Сочи

Репрезентацијата на Шведска ја забележи и втората победа на силниот хокеарски турнир во Сочи и си обезбеди пласман во следната фаза. Во меч од второто коло во Ц групата со голот на Алфредсон, Швеѓаните со многу мака ги совладаа Швајцарците и со 6 бода се на првата позиција. На почетокот во дербито на оваа група „Трите круни“ ја совладаа Чешка со 4-2. Денеска Чесите успешно го положија поправниот испит и со 4-2 ја победија Летонија, па клучен за пласман понатаму ќе им биде дуелот со Швајцарија.

Вечерва се играат уште два меча од второто коло, во Б групата, каде што силите ќе ги одмерат Канада и Австрија, односно Финска и Норвешка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top