| четврток, 6 декември 2018 |

Решен викиншки код стар 900 години

Мистеријата на викиншкиот код стар 900 години, конечно, е решена. Кодот Јотувилур долго време ги збунуваше рунолозите (експертите за рунски алфабет) затоа што е пронајден на околу 80 нордиски записи, па се сметало дека „пробивањето“ на кодот би можело да даде увид во викиншките тајни, објави веб-сајтот „Гардијан“.

Меѓутоа, него конечно го проби Јонас Нордби, рунолог од универзитет во Осло.

– За дешифрирањето на кодот јотунилор е потребно да се замени руната со последниот гласот од името на таа руна. На пример руната со која се означува буквата ‘f и се чита ‘fe’ со кодот се претвора во ‘e’, додека руната за буквата ‘k’ се чита како ‘kaun’ станува ‘n’, објасни Нордби во интервју за веб-сајтот „Forskning.no“.

Криптолозите претходно сметале дека овој код се користи за пренесување тајни пораки, но Нордби мисли дека тој е користен за учење на руни и за помнење на редоследот на буквите во алфабета.

– Нема многу причини да веруваме дека во нив се криеле чувствителни пораки. Луѓето често на тој начин пишувале куси пораки – рече Нордби.

Така е откриено дека значењето на една од пораките напишани со овој код, која долго време ги збунуваше експертите е многу едноставна и гласи: „Бакни ме“. Со Нордби се согласува и шведскиот експерт, Хенрик Вилијамс од Универзитетот во Упсал.

– Со разбирањето на кодовите се доближуваме кон луѓето кои живееле во тоа време. Нордби со ова пробивање дојде до важно откритие – рече Вилијамс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top