| четврток, 6 декември 2018 |

Во Скопје се танцуваше против насилството врз жените

Tanc protiv nasilstvoto VDAY (9) (Custom)

Неколку стотици скопјани денеска танцуваа на плоштадот „Македонија“ под мотото „Една милијарда се крева за правда“ и го одбележаа В-Денот против насилството врз жените.

Според статистиката, една од три жени е малтретирана во текот на својот живот, што значи дека повеќе од една милијарда жени се жртви на физичко, сексуално, вербално, психичко и економско насилство.

Tanc protiv nasilstvoto VDAY (4) (Custom)

Во Македонија се подготвува нов закон за превенција од семејно насилство, кој се очекува да ја засили улогата на институциите во заштита на жртвите од насилство, а со самото тоа да овозможи и полесен и побрз пристап до правдата, на што се става акцент на годинашната кампања.

В-Денот е светско движење за превенција, третирање и запирање на насилството врз жените кое има за цел на креативен и мобилизирачки начин да ја поттикне јавната свест околу нулта толеранција за разните видови насилство, силувања и трговија со бели робје.

фото: Александар Ивановски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top