Министерството за финансии изврши исплата на субвенциите за лозови насади на 12.615 лозари од сите региони во Македонија (Кавадарци, Неготино, Гевгелија, Радовиш, Валандово, Штип, Свети Николе и други) во вкупен износ од 386 милиони денари.
– Владата на Република Македонија со редовна исплата на субвенциите за земјоделците останува доследна во поддршката на земјоделството како една од носечките гранки на македонското стопанство – информираат од Министерството за финансии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.