Во Демир Капија денеска на свечен начин беше закроена винова лоза во чест на верскиот празник Св. Трифун. Закројувањето го извршија претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, и демиркапискиот градоначалник Трајче Димитриев.
Претседателот Иванов им посака на лозарите да имаат квалитетен род во лозјата, а од квалитетно грозје потоа да се добие квалитетно вино.
– Македонија е позната, меѓу другото, и како земја на грозјето и на виното. Ако во виното е вистината, нека се пие вино – порача претседателот.
Градоначалникот Димитриев потсети дека на верскиот празник Св. Трифун лозарите празнуваат оти се означува почетокот на новата родна година. Тој изрази задоволство што голем број луѓе дојдоа во Демир Капија за заеднички да се продолжи традицијата.
На свеченоста во центарот на Демир Капија беа доделени наградите од организираните натпревари за најдобро произведено вино и ракија во домашни услови, како и натпреварите во кроење лозови прачки и подготовка на традиционални јадења.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани