| четврток, 6 декември 2018 |

И Јасна Црвенковска во тендерот на Манчевски

jasna crvenkovska

И Јасна Црвенковска, сопруга на поранешниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, преку фирмата „Семос мултимедиа“, е дел од тендерот за стопанисување на кумановските паркинзи, кој јавното претпријатие во надлежност на градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски, му го доделило посредно на фирма на неговиот сопартиец, сега потпретседател на СДСМ, Дамјан Манчевски, објави “Дневник”

Потписот на Црвенковска и печатот на „Семос мултимедиа“ се видливи во документот – овластување од 29 ноември 2011 година. Со документот, седум фирми го овластуваат Манчевски да аплицира на тендерот и да ги преземе сите овластувања ако го добијат тендерот. Документот го доставија од владејачката ВМРО-ДПМНЕ како доказ за нивните наводи од претходните денови дека Манчевски е единственото овластено лице за кумановскиот тендер од цела група фирми, пишува весникот.

За потребите на јавната набавка бр.1103/2010 за воведување систем на наплата и контрола на паркирање, го овластуваме лицето Дамјан Манчевски да ги извршува сите деловни активности за и во име на групата на која било страна и на сите страни од групата на понудувачи во текот на постапката за доделување договор за јавна набавка и во текот на извршувањето на договорот во случај да бидеме избрани за носители на набавката.

Воедно, лицето го овластуваме да поднесе понуда и да ги преземе сите права и обврски во наше име и за наша сметкаа, пишува во овластувањето.

Документот е заверен со печатите и потписите на овластени лица од седум фирми, кои подоцна како група конкурираат на кумановскиот тендер. Меѓу нив се наоѓа и „Метропаркинг“ од Белград со потпис на извесен Жељко Танасковиќ, потоа на „Метропаркинг плус“ од Скопје со потпис на Дамјан Манчевски и „Семос мултимедиа“ со потпис на Црвенковска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top