| четврток, 6 декември 2018 |

Студентите од Ветерина ќе учат микрочипирање

kuce mace

На скопскиот Факултет за ветеринарна медицина ќе се одржи обука за идентификација и регистрација на домашни миленичиња – микрочипирање.

Обуката е наменета за студентите, а ќе се реализира во три часа, со теоретски и со практичен дел, од проф. д-р Пламен Стројачанец, а ја организира Студентскиот парламент на Факултетот за ветеринарна медицина по иницијатива на Студентскиот парламент на УКИМ.

Следните две недели сите студентски парламенти на сите факултети на УКИМ ќе спроведуваат обуки поврзани со практичниот дел од својата настава. Предавачи ќе бидат професори, но и практичари, експерти од областа.

Целта на обуката е поголема вклученост на студентите во општествениот живот и нивно приближување до практиката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top