Селекторот на славната данска генерација, Ричард Мулер Нилсен почина вчера во 76. година од животот. Творецот на данското фудбалско чудо, што ги доведе „викинзите“ до титулата европски првак во 1992 година, долго се бореше со тумор на мозокот, а вчера ја загуби најважната битка.
Во 1992 година Данска на ЕП во Шведска допатува како замена за тогашната репрезентација на Југославија и на сензационален начин ја освои титулата, прва и единствена за таа земја. Тогашната селекција на Југославија беше исфрлена од ЕП поради војната. Данска во финалето ја совлада Германија со 2-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.