| четврток, 6 декември 2018 |

Бесплатен превоз за пензионерите и во недела

penzioneri avtobusiПензионерите во Скопје ќе се возат бесплатно со јавниот превоз на ЈСП и во неделите, објави Алфа.

Пензионерите во Скопје ќе добијат уште еден гратис ден возење во автобусите во јавниот превоз. Меѓу материјалите за следната седница на Советот на главниот град се наоѓа и предлог– освен вторник, петок и сабота, постарите граѓани да се возат бесплатно и во недела.

Како што беше случај и досега, бесплатниот превоз важи за мажите постари од 64 години и за жените постари од 62, а правото ќе се докажува со покажување лична карта на службени лица во автобусот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top