Вчера вечер хрватската јавност откри дека рекламата за новото продолжение на филот „Пиратите од Карибите“ ќе се снима во Хрватска. На интернет се појави оглас на кој се повикуваат заинтересираните да се пријават на аудиција за снимање.
Првата аудиција ќе биде во Загреб в сабота. Во вторник екипата е во Дубровник, каде што во март ќе почне снимањето на филмот.
Треба да се истакне и дека компанијата што го прави кастингот беше задолжена и за аудициите и за снимањата на „Игра на троновите“. Во огласот нема ограничување дека аудицијата е само за Хрвати, а ако има заинтересирани, тука може и подетално да се информираат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


